вторник, 22 октомври 2024

Нема отрови во овошјето и зеленчукот, ширењето лажни вести е кривично дело, вели директорот на АХВ, Бабовски

Објавено на

часот

Сподели

Бабовски истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ за тоа ќе поднесе пријава, ќе се знае, потенцираше тој, наредните денови.  

„Негативни се сите резултати за наводни остатоци од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми“, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.  

Тој порача дека кога се излегува да се каже нешто во јавноста, тоа треба да биде точно и вистинито.  

„Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и крставица покажуваат новите извештаи на анализа направени од Државната фитосанитарна лабораторија. Во извештаите кои стигнаа е направена анализа на определување на макро и микро елементи и елементи во трага, во кои е детектирано присуство на тешки метали во домат и крставица“, обвини завчера на прес конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Редакцијата на МКД.мк минатата недела објави документ со анализа на домати направен во лабораторијата на Факултот за ветеринарна медицина во Скопје, која покажува дека во земјава влегле домати со недозволена концентрација на пестициди.

Претходно на социјалните мрежи се појави информација дека 10 камиони со небезбедни домати со потекло од Албанија се увезени во Македонија и дека се опасни по здравјето на луѓето.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ