вторник, 22 октомври 2024
Државен завод за ревизија

Нема доволно лекари на Онкологија, еден специјалист има над 5.000 прегледи годишно

Државниот завод за ревизија во својот нов извештај го идентификуваше клучното ревизорско прашање кое влијае на вршењето на дејноста на Клиниката за онкологија, а кое се однесува на централизираното давање на здравствени услуги во областа на радиотерапијата и онкологијата. Имено, бројот на пациенти кои се лекуваат на клиниката е во континуиран пораст“, се посочува во извештајот.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од ДЗР посочуваат дека континуираниот пораст на бројот на пациенти, меѓу другото се должи и на тоа што, речиси сите пациенти на кои им се потребни здравствени услуги од областа на радиотерапијата и онкологијата бараат услуги на Клиниката. За оваа состојба Клиниката го информирала Министерството за здравство во кое наведува дека на ниво на држава има уште 4 јавни здравстени установи во кои онколошките одделенија не се функционални во целост, а дел располагаат и со акцелератори кои не се користат.

„Во 2023 година, Клиниката располага со 35 доктори и 96 лица останат медицински персонал , кои во текот на 2023 година извршиле вкупно 104.196 здравствени услуги. Просечниот број на извршени услуги за одредени дијагностики надминува по 5 илјади прегледи годишно по специјалист, што во услови на континуиран пораст на бројот на пациенти, доведува до преоптовареност на вработените, а нивниот број  е недоволен за овој обем на работа“, се наведува во извештајот.

Ревизорите укажуваат дека е потребно Министерството да преземе активности за ангажирање на капацитетите во оние јавни здравстени установи кои имаат услови за тоа, со што би се овозможило прифиќање на дел од зголемениот број на онколошки пациенти, особено на оние надвор од Скопје, а со тоа и дисперзирање на здравствените услуги во оваа област, намалување на големиот наплив од пациенти со кој се соочува Клиниката и подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ