среда, 23 октомври 2024
ЦУК ја потврди информацијата на МКД.мк

Неготинските пожарникари го гасат реактивираниот пожар во Гоцевата шума, гори и во липковско

Објавено на

часот

Сподели

„Регионалниот ЦУК Велес известува дека според информацијата од ТППЕ Неготино, пожарот што во текот на вчерашниот ден беше активен во месноста Гоцева шума во општина Неготино, а што во текот на ноќта беше изгасен, денеска попладне повторно е реактивиран. Била зафатена со оган борова шума. На терен веќе интервенираат пожарникарите од ТППЕ Неготино со 10 пожарникари и 5 противпожарни (ПП) возила“, информираа од ЦУК.

к

Оттаму уште велат дека РЦУК Куманово денеска во 16 часот известил за пожар на отворен простор во општина Липково, помеѓу селата Отља и Матејче.

„За пожарот се известени ТППЕ Куманово, ЈП ,,Национални шуми’ Куманово, лицето за контакт на општина Липково и ПО на ДЗС Куманово. Гори шума на непристапен терен. На терен се активни ТППЕ Куманово со едно ПП возило и 3 пожарникари, од ЈП се ангажирани 4 шумари“, информираа од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ