вторник, 22 октомври 2024

Неформалните собирачи на отпад бараат да влезат во системот

Објавено на

часот

Сподели

Извршниот директор на „Пакомак“ Филип Ивановски смета дека формализацијата на неформалните собирачи на отпад ќе значи и формализација на собраниот отпад што тие го собираат, што не се евидентира и не се прикажува во извештаите доставени до институциите.

„Истражување во врска со состојбите со неформалните собирачи на отпад во Република Северна Македонија и можностите за нивна интеграција во формалната економија покажа дека бројот на неформални собирачи е намален во однос од пред 10 години, кога проценките беа дека има 5.000 собирачи. Во моментов проценките се дека бројот се движи од две ипол до три илјади“, изјави Ивановски по средбата во Стопанската комора.

Како причини за намалувањето на бројот на неформални собирачи ги наведе миграцијата и зголемената побарувачка на работна сила. Но, нагласи, мотивите за неформално собирање отпад остануваат, а тоа се пред се сиромаштијата и можноста за екстра приходи.

„Една од опциите овие луѓе да станат формални е формирање социјални претпријатија во кои би биле вработени, а тие социјални претпријатија да даваат услуги на општините, комуналните и јавните претпријатија. Нивната формализација има повеќе бенефити и од фискален аспект за државата бидејќи ќе бидат евидентрани нивните приходи и ќе бидат оданочени, рече Ивановски.

Според истражувањето, посочи дека една третина од неформалните собирачи на отпад сакале да се формализира нивната работа, што, како што нагласи Ивановски, би значело околу 1.000 нови вработувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ