петок, 18 октомври 2024
Откако Владата прогласи кризна состојба во затворот Идризово

Не треба да се крева непотребна паника, вели министерката за одбрана Петровска

Објавено на

часот

Сподели

„Не треба одредени структури да ја прогласуваат армијата за неспосбна а сѐ со цел за политички бенефиции“, рече Петровска одговарајќи на новинарско прашање за вклучувањето на АРМ во обезбедувањето на затворот Идризово поради немање доволно вработени од редовите на затворската полиција.

Петровска тврди дека ширењето паника и невистини им оди во прилог на две структури.

„Од кога АРМ влезе во затворот Идризово уплашени се две криминални структури. Едната се криминалците кои се наоѓаат во затворот затоа што им се расипаа плановите а другата е пратеникот Драган Ковачки кој упорно се труди да шири невистини за АРМ. Но ангажирањето на војската во затворот и на јужната граница само покажува дека граѓаните имаат доверба и се чувствуваат заштитено“, рече Петровска. 

Таа не кажа колку точно војници се распоредени во затворот Идризово и на јужната граница со Грција каде што исто така е прогласена кризна состојба, затоа што, како што рече, тоа е класифицирана информација.

На почетокот на овој месец Владата одржа седница на која била донесена одлука за прогласување на кризна состојба во затворот Идризово но тоа јавно не го соопшти. Информацијата за ангажирање на војската и на дел од полицијата во затоврот ја сподели Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кризната состојба треба да трае 30 дена односно до 6 јули годинава.

Во меѓувреме Владата се обврза да најде решение за недостатокот на кадар во најголемиот затвор во Македонија, Идризово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ