вторник, 22 октомври 2024
Средба Ковачевски - Борел

Не смее да постои политичка поделеност по прашањето на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот кажа дека на средбата со Борел станало збор за најважните реформи и евроинтеграцискиот процес и му се заблагодар за силната поддршка на нашиот евроинтеграцискиот пат, за скрининг процесот и за развојниот план за Западен Балкан.

„Јасно се согласуваме дека нашата европска интеграција мора да продолжи и нема да застане сѐ до полноправно членство во ЕУ“, рече Ковачевски. 

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Борел потенцира дека не смее да постои политичка поделеност по прашањето на ЕУ, дека процесот на уставните измени мора да се заврши и да се работи на клучните реформи.

„Тоа ќе донесе корист за целиот народ и за Северна Македонија како земја“, рече Борел.

Позитивно го оцени носењето на новиот Деловник за работа на Собранието со меѓупартиска согласност, како и напорите на Владата за евроинтеграцискиот процес.

Борел уште рече дека ЕУ ги цени напорите на Макеоднија како претставач на ОБСЕ и самата улога на оваа организација која претставува заедничка платформа на Унијата и покрај, како што кажа, напорите на Русија да го поткопа тоа.

За присуството на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на министерката конференција во Скопје, рече дека тој треба да слушне зошто ЕУ ја осудува Русија и потоа да се врати, како што рече, кај господарот на Кремљ и да го пренесе тоа.

„Ние не сакаме да ја изгубиме работната способноста на ОБСЕ. Завршивте добра работа. Го поздравувам предлогот Малта да биде следен претседавач“, рече меѓу другото Борел. 

Ковачевски и Борел одржаа билатерална средба на која присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и еврамбасадорот Дејвид Гир. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ