„Секако дека ќе треба да разговарате со нив, би било поправилно, но тоа што беа на седницата на Генералниот совет, не се изјаснија дека се дел од нови движења, нови структури, нови организации, остава простор оваа дебата да се развива понатаму во партијата за да видиме што е понатаму во оваа насока“, кажа Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Беџети, градоначалник на општина Сарај неодамна порача дека како фракција во ДУИ не треба да формираат посебна политичка партија. „Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и треба разликите да ги решаваме внатре во ДУИ. Не затоа што Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта се против формирање на нов политички субјект, туку затоа што нема потреба од тоа, бидејќи така се распарчува албанскиот електорат“, рекол Беџети во разговор за „Журнал“.
Меџити најави дека на 13 август ќе го формира своето политичко движење.