„Ситуацијата на бојното поле е исклучително тешка, Русите сега напредуваат на многу линии на фронтот и секако големата офанзива што ја започнаа Украинците минатото лето не ги даде резултатите на кои сите се надевавме“, изјави Столтенберг за време на сесијата „Обезбедување на небезбеден свет“ на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Шефот на НАТО додаде дека Русија жестоко се бори и напредува во Украина и дека таа „никогаш“ не треба да се потценува.
Уште неколку западни функционери признаа дека украинската контраофанзива досега била неуспешна.