НАСА ги мапира тие емисии и неодамна објави визуализација што покажува како ветерот и воздушните струи од јануари до март 2020 година носеле емисии на ЦО2 во Земјината атмосфера. „Се обидуваме да објасниме од каде доаѓа јаглеродот и како тој влијае на планетата. Овде можете да видите како различните временски обрасци поврзуваат сè заедно“, рече климатскиот научник Лесли От од Центарот за вселенски летови на НАСА Годард.
Видеото јасно покажува дека навистина не е важно од каде точно доаѓаат најголем дел емисии, сите ние на крај треба да се соочиме со последиците. Сепак, постојат некои интересни глобални разлики, пишува Јуниверз тудеј.
Над САД, Јужна Азија и Кина, најголем дел од јаглеродот доаѓа од индустријата, електраните и транспортот. Но во Африка и Јужна Америка, најголем дел од ЦO2 доаѓа од согорување (вклучувајќи шумски пожари), палење земјоделски производи и расчистување на земјиштето. Емисиите доаѓаат и од фосилните горива како нафта и јаглен.
Watch carbon dioxide move through Earth’s atmosphere.
With this high resolution model, scientists can see CO2 rising from sources like power plants, fires, and cities and watch how that carbon dioxide spreads via wind patterns and atmospheric circulation. https://t.co/e0sXDIeNvd pic.twitter.com/v6TQCWOa5k
— NASA Climate (@NASAClimate) July 24, 2024
Пулсирањето на емисиите укажува на шумски пожари, кои обично се разгоруваат во текот на денот, а потоа стивнуваат во текот на ноќта. Дополнително, дрвјата и растенијата вршат фотосинтеза во текот на денот, ослободувајќи кислород и апсорбирајќи ЦО2. Во Јужна Америка и тропските предели има повеќе пулсирање бидејќи податоците се собирале во текот на вегетациската сезона.
Оваа визуелизација се базира на ГЕОС, интегриран систем за моделирање поврзани системи на атмосфера, океан и копно. На овој начин НАСА користи суперкомпјутери за да покаже што се случува во атмосферата. ГЕОС се базира на голема група податоци; вклучувајќи податоци од сателитите Тера и Суоми-НПП. Резолуцијата на ГЕОС е повеќе од 100 пати поголема од типичните временски модели.