недела, 20 октомври 2024

НАСА го претстави прототипот на суперсоничното летало Икс-59 (ВИДЕО)

Американската вселенска агенција НАСА за првпат на јавноста ѝ го претстави својот нов надзвучен авион Икс-59. Млазниот авион, долг околу 30 метри и со распон на крилата од околу 10 метри, беше претставен во петокот на локација која ѝ припаѓа на компанијата Локид Мартин во американската сојузна држава Калифорнија.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Авионот е централниот дел на проектот на НАСА Квест (Quiet SuperSonic Technology). Првите тестни летови над одредени делови на САД се планирани за подоцна оваа година, при кои ќе се собираат дополнителни податоци.

„Икс-59 е околу 30 метри долг чекор напред кон патот кој почна пред неколку децении кон одржлив комерцијален надзвучен лет“, кажа директорот на НАСА Боб Пирс. Потпретседателката на НАСА Пем Мелрој го опиша авионот како „уште еден дијамант во круната на НАСА“.

Икс-59 е посебен по тоа што би требало да постигне надзвучна брзина без звучната експлозија која се создава со пробивањето на звучниот ѕид. Звучниот удар не се случува само во моментот кога објектот ќе ја помине звучната бариера туку тоа е континуиран ефект додека објектот патува со надзвучна брзина.

Американската сојузна управа за воздухопловство (ФАА) на неодредено ги забрани сите цивилни суперсонични летови над САД.

Икс-59 е дизајниран да лета на висина од околу 16 километри со брзина од 1.500 километри на час. Наместо гласната експлозија, произведува звук подеднакво гласен како тропање со врата на автомобил.

Локид Мартин од НАСА добил околу 250 милиони долари за развој на леталото. Последен пат редовни надзвучни патнички летови имаше пред дваесетина години со легендарниот „конкорд“ меѓу Париз, Лондон и Њујорк.

По несреќата во Париз со повеќе од 100 смртни случаи во 2000 година летовите беа прекинати во 2003. Освен НАСА и Локид Мартин, и други компании во моментов работат на враќање на суперсоничните млазни авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ