сабота, 19 октомври 2024

Нарди дома има постер од Ѓоковиќ: Можете да замислите колку сум возбуден

20-годишниот италијански тенисер, Лука Нарди направи вистинска сензација откако го елиминираше Новак Ѓоковиќ од Индијан Велс.

Објавено на

часот

Сподели

Италијанецот е возбуден од најголемата победа во неговата кариера и признава дека дома на ѕидот има постер од Новак Ѓоковиќ.

„Мислам дека ова е едно од најдобрите искуства кои човек може да ги доживее, особено за некој млад како мене. Имам постер од Новак во својата соба, па можете да разберете. Можете да замислите колку е возбудливо ова искуство“, вели Нарди.

„Мислам дека пред оваа вечер никој немаше слушнато за мене. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Многу сум задоволен. Не знам, човек, навистина не знам. Мислам дека ова е чудо. Имам 20 години и за 100 позиции сум послабо пласиран од Новак. Лудило“.

Неодамна Нарди на челинџер загуби од 462. тенисер на светот, а досега во кариерата никогаш не успеал да заигра на главниот турнир од некој грен слем, има играно само квалификации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ