недела, 20 октомври 2024

Напад на автобуска станица во Ерусалим, тројца мртви (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во нападот загинаа тројца цивили, 24-годишна жена, маж на 70-годишна возраст и една постара жена. Надлежните велат дека поради повредите во болница се пренесени уште пет лица, од кои тројца се во тешка состојба, пишува Би-би-си.

Според израелската полиција, нападот се случил покрај главниот автопат на периферијата на градот за време на најголемиот сообраќаен метеж.

„Двајца терористи пристигнаа на местото на настанот со возило и почнаа да пукаат на автобуската станица. Тие беа неутрализирани од безбедносните сили и цивилите кои беа во близина“, соопшти полицијата.

Флер Хасан-Нахум, заменик-градоначалникот, рече дека напаѓачите биле застрелани од израелски цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ