понеделник, 28 октомври 2024

Наместо марихуана за лек, марихуана за дрога се одгледувала крај легалната плантажа во Врапчиште (ВИДЕО)

Запленети се 1.053 стебла канабис од правно лице во гостиварското село Врапчиште кое имало одобрение за одгледување на канабис за медициски цели, но овие стебла биле засадени на парцела, за која не поседувал соодветна документација. Министерството за внатрешни работи најавува кривична пријава.

Објавено на

часот

Сподели

На 4 октомври била извршена вонредна контрола и претрес врз основа на наредба од Основниот суд во Гостивар при што бил затекнат државјанин на Република Албанија со иницијали М.П., на возраст од 35 години, кој извршувал работни задачи, иако не бил вработен и немал регулиран влез и престој во државата.

По преземени мерки, во станот каде што престојувал, пронајдени се марихуана и шприц со хашиш смола.

д

Истиот ден, М.П. со кривична пријава бил предаден во обвинителството во Гостивар.

„Поради постоење на сомнение дека правното лице има засадени растенија канабис на парцела за која нема добиено дозвола, за време на претресот било присутно вешто лице од областа на геодезија, кое по претходно издадена наредба од јавен обвинител од ОЈО Гостивар, извршило увид на лице место и обележување на граници на катастарски парцели. Согласно наодот и извештајот на вештото лице, утврдено е дека правното лице има насади на канабис растенија на парцела, за која не поседува соодветна документација, односно не добило дозвола за садење на канабис растенија на наведената парцела“, се појаснува во соопштението од МВР.

д

По дадени насоки од јавен обвинител денеска на наведената парцела било утврдено дека се посадени 1.053 канабис растенија кои се одземени.

По комплетирање на целокупната документација, од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за правното и одговорното лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ