четврток, 31 октомври 2024

Највисокиот суд на ОН ќе расправа за тужбата на Украина против руската агресија

Објавено на

часот

Сподели

Украина поднесе тужба против Русија во 2017 година, долго пред актуелната војна, поради поддршката на проруските бунтовници во регионот Донбас и за угнетување на неруското население на Крим.

Судењето сега почнува во контекст на инвазијата на Москва на Украина пред 16 месеци.

Киев ја обвинува Русија дека ги поддржува сепаратистите во Донбас со оружје и пари, а со тоа ја прекршила Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на тероризмот усвоена од Обединетите нации.

Москва ги отфрла обвинувањата.

Украина треба да биде првата што ќе презентира докази во вторник. В четврток ќе изложуваат правните претставници на Русија.

Одлуките на МСП се правно обврзувачки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ