среда, 23 октомври 2024

Највисокиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија е убиен во Иран

Исмаил Ханија, највисокиот политички лидер на Хамас, е убиен во Техеран, соопшти Хамас рано утринава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Хамас се вели дека групата „тагува за Ханија, која загина како резултат на подмолен ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран, откако присуствуваше на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател“.

Иранската револуционерна гарда го потврди атентатот, што го објави иранската државна телевизија рано утринава, а аналитичарите исто така тврдат дека Израел го убил Ханија, според АП.

Израел не издаде официјална изјава за смртта на Ханија, но имаше реакција од некои политичари, како што е министерот за наследство Амичај Елијаху, член на екстремната десница на Израел, јави Би-би-си.

Тој на Икс напиша дека смртта на Ханија „го прави светот подобро место“.

„Ова е вистински начин да се исчисти светот од оваа нечистотија“, рече тој и додаде „нема повеќе имагинарен договор за мир/предавање, нема повеќе милост за овие смртници“.

Тој, исто така, вели дека „железната рака што ќе ги удри“ ќе „ја зајакне нашата способност да живееме во мир со оние кои сакаат мир“.

Висок функционер на Хамас вети дека групата ќе одговори на атентатот на Ханија.

Муса Абу Марзук за нападот рече дека е „кукавички чин што нема да остане неказнет“, според телевизискиот канал Ал-Акса управуван од Хамас.

Хамас тврди дека Ханија бил убиен во „ционистички напад“. Израел допрва треба да одговори на обвинението, но по нападите на 7 октомври – во кои загинаа 1.200 луѓе, а стотици беа земени како заложници – израелските лидери ветија дека ќе го „скршат и уништат Хамас“.

Се верува дека оттогаш Израел уби неколку високи фигури на Хамас – меѓу кои и заменик политичкиот лидер Салех ал-Арури и Марван Иса, заменик командант на военото крило на Хамас.

Во израелски воздушен напад во Газа во април беа убиени и тројцата сина на Исмаил Ханије и четири негови внуци.

Израелската војска, исто така, соопшти дека воените авиони на израелските воздухопловни сили го убиле главниот воен командант на Хезболах и шеф на неговата стратешка единица, Фуад Шукр, познат и како „Саџид Мухсан“, во областа Бејрут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ