четврток, 24 октомври 2024

Најмалку 40 мртви во пожар на брод кај Хаити поради вуду ритуал

Најмалку 40 мигранти ги загубија животите кога бродот со кој пловеле се запалил во близина на брегот на Хаити, објави во петокот агенцијата на ОН, а очевидци објаснија дека трагедијата била предизвикана од вуду ритуал.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Трагедијата се случила во средата, а според агенцијата на ОН, таа уште еднаш ги илустрира размерите на кризата што ја погоди сиромашната карипска земја, разнишана од банди и несигурност, при што стотици илјади луѓе се раселени.

Пожарот на бродот, според преживеаните, избувнал кога патник запалил свеќа за да изврши „вуду церемонија“, а на бродот имало бензин, изјави за АФП портпарол на транспортната компанија.

Вуду обредите понекогаш ги практикуваат мигрантите кои одат на море со цел да го заштитат преминот и да ја избегнат крајбрежната стража.

Бродот со „повеќе од 80 луѓе“ го напушти Лабади во северниот дел на Хаити и се упати кон островите Туркс и Каикос, архипелаг оддалечен 250 километри, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Крајбрежната стража на Хаити спасила 41 мигрант кои ИОМ ги згрижил, единаесет од нив се префрлени во болница на лекување, вклучително и поради изгореници, објави агенцијата на ОН.

Седум повредени лица се во тешка состојба, изјави Аролд Жан, портпарол на полицијата на Хаити во департманот Норд, наведувајќи го „пожарот проследен со експлозија“.

„Потрагата продолжува со цел да се најдат други преживеани“, нагласи тој, додавајќи дека истрагата е отворена за „идентификување и разбивање на мрежите што ги организираат овие тајни патувања“.

„Социо-економската ситуација на Хаити е во агонија. Екстремното насилство во последните месеци само ги охрабри Хаиќаните уште повеќе да прибегнуваат кон очајнички мерки да ја напуштат земјата“, изјави шефот на мисијата на ИОМ во земјата, Грегоар Гудштајн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ