среда, 30 октомври 2024

Најмалку 28 години затвор за најпознатиот исламистички проповедник во Британија

Радикалниот исламистички проповедник Анџем Чудари, чии следбеници се поврзуваат со голем број напади низ светот, денеска во Британија беше осуден за водење терористичка организација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Чудари (57) ја предводеше Ал Мухаџирун, која беше забранета како терористичка организација пред повеќе од десет години.

„Организациите како вашата го прават насилството нормално за да постигнат идеолошки цели“, рече судијата Марк Вол пред судот во Лондон.

Тој го осуди Чудари на доживотен затвор, со минимум 28 години за отслужување пред можното предвремено ослободување.

Некогаш најпознат британски исламистички проповедник, Чудари го привлече вниманието кога ги пофали извршителите на терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година и рече дека сака да ја претвори Бакингемската палата во џамија.

Во 2016 година беше во британски затвор поради поддршка на т.н. Исламска држава, но беше ослободен во 2018 година по одлежување пет и пол години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ