Најмалку шест лица загинаа во напад на училишна зграда која беше претворена во засолниште на истокот на Газа, меѓу загинатите има и двајца локални новинари, една бремена жена и едно дете, пренесува Асошиејтед прес.
Израелската војска соопшти дека нападот бил насочен кон милитант на палестинската организација Исламски џихад, но не понуди никаков доказ за тоа или други детали.
Уште седум лица загинаа во израелски напад врз бегалски шатор во јужниот град Кан Јунис, според болницата Насер, меѓу загинатите има две жени и едно дете.