Компанијата изјави дека најголемата европска нуклеарна централа е на работ на откажување бидејќи резервната линија има помалку од половина од моќноста на главниот далновод, пренесува Гардијан.
„Ваквиот режим е тежок за една централа со реактори, нејзиното времетраење е ограничено и може да доведе до откажување на главната опрема на енергетската единица“, соопшти Енергоатом на Телеграм.
Нуклеарната централа Запорожје, која има шест реактори, е под контрола на руската војска од првите денови на инвазијата на Москва во февруари 2022 година.
Двете страни постојано се обвинуваат меѓусебно дека ја загрозуваат безбедноста на централата, каде што украинскиот персонал продолжи да работи под контрола на руската војска.