петок, 18 октомври 2024

Најбараната фризерка на светот

Објавено на

часот

Сподели

Патриша е заслужна за имиџот на Лејди Гага, што се однесува барем до косата

За Патриша Моралес косата е многу поважна отколку било кое парче гардероба. Најбараната фризерка на светот меѓу ѕвездите секогаш ќе ја сретнеме со најнеобична фризура на својата глава, инспирирајќи ги така Лејди Гага, Ферџи, Кети Пери, Шакира и Бритни Спирс. Од неодамна на нејзината листа на клиенти, освен Ози Озборн, се придружија и дузина машки актери, меѓу кои и Мет Дајмон и Џош Бролин.

Панделка направена од коса

Најлудите фризури се инспирација од њујоршките улици

Оваа Тексашанка славата ја стекна со краткиот филм „Покет фејс”. Видеото ги собра првите награди, а стилот што се промовираше во него стана феномен на поп-културата.

Фотографите од познатите светски модни списанија уживаат да работат со креативната Патриша, која дополнително помага нивните уметнички фотографии да бидат запаметени. Воопшто не ѝ недостига фантазија, а инспирациите ги собира од обичниот живот на њујоршките улици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ