четврток, 24 октомври 2024

Награди за 52 најдобри вработени во Спорт лајф за 2023

Спорт лајф обложувалници, ја заокружија годината со резимирање на резултатите од работењето и воедно ги претставија своите највредни и најуспешни вработени во изминатата 2023 година. Вкупно 52 вработени од најразлични сектори, беа прогласени за најдобри и беа наградени со еднократен износ од 200 евра за својот успех и залагање во минатата година.

Објавено на

часот

Сподели

„Секоја година го прославуваме успехот и професионалното работење на своите вработени, и ги претставуваме нивните резултати. Нивните успеси ни даваат мотив за поставување нови и повисоки цели во работењето за следната година“, истакна менаџерот за човечки ресурси на Спорт лајф, Александар Арсовски.

Најуспешните вработени се оценувани според резултатите во текот на изминатата година, во различни делови на работниот процес, и согласно однапред утврдени критериуми.

Спорт лајф како водечка компанија во областа на игрите на среќа и спортски обложувалници, постојано вложува во развојот на вработените, преку обуки, тренинзи, стипендирање на студии, доделување редовни бонуси и награди како и можности за кариерно унапредување.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ