петок, 18 октомври 2024

Наградена претставата на театар „Чекори“ на Фестивалот ДОПС во Јагодина

Аматерскиот театар „Чекори“ од Скопје со претставата „Драги уметеници“ ја доби наградата за „најдобра колективна игра“ на Меѓународниот фестивал на детски и младински театарски претстави – ДОПС фестивал во Јагодина, Србија, а актерот Даниел Гочевски ја доби наградата за најдобра машка улога на фестивалот. 

Објавено на

часот

Сподели

Театар „Чекори“ во рамки на младинскиот дел од Фестиалот ДОПС, ја изведоа претставата „Драги уметници“ во режија на Маја Ѓурчевска. Претставата е комедија по дело на писателот Леонид Зорин од Азербејџан. Улогите ги толкуваат Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Тамара Стојаноска, а тон и светло мајстор е Никола Димевски.

д

Жирито во состав Лилјана Степановиќ – драмска уметничка од Белград, Велимир Митровиќ – режисер од Белград и д-р Снежана Марковиќ, претставник на градот Јагодина како домаќин, за претставата на аматерскиот театар „Чекори“ искажаа многу пофални зборови и оценија дека е во рангот на високо професионален театар. Тие оценија дека станува збор за добро осмислена комедија со одлична глума и компактна комуникација на актерите со која до израз доаѓа колективната глума, која и покрај тоа што е изведена на македонски јазик, беше разбирлива и ја насмеа публиката.

д

Претставата „Драги уметници“ пред Јагодина беше изведена и наградена на уште неколку други театарски фестивали, меѓу кои и во Требиње (БиХ) на меѓународниот „Фестивал на фестивалите“.

д

                                                                                          П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ