Пред денешното финале, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал имаа по 22 грен слем титули, од денеска Србинот е осамен на врвот на оваа листа.
Една од првите честитки за Новак Ѓоковиќ стигна токму од Рафаел Надал.
„Големи честитки за ова неверојатно достигнување на Ѓоковиќ. 23 е бројка што пред неколку години изгледаше незамисливо, а ти ја оствари. Уживај со своето семејство и со тимот“, напиша Надал.
Many congrats on this amazing achievement @DjokerNole
23 is a number that just a few years back was imposible to think about, and you made it!
Enjoy it with your family and team! ??— Rafa Nadal (@RafaelNadal) June 11, 2023