недела, 20 октомври 2024
Има многу пофални зборови за Србинот

Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата, бројките не лажат

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал вели дека Новак Ѓоковиќ е број 1 на сите времиња, и додава дека Србинот всушност е добар човек, спротивно на мислењето што го имаат многумина.

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ има најмногу Гренд слем титули (24), најмногу АТП 1000 Мастерс титули (40), најмногу недели (412) поминати на врвот на АТП листата, како и рекордни 7 титули од завршниот АТП турнир, но и покрај тоа многумина одбиваат да кажат дека тој е најдобар во историјата.

Но Рафаел Надал во емисијата „Ел Објетиво“ отворено говореше на многу теми, и призна дека популарниот Ноле е број 1.

„Видете, сликата која Ѓоковиќ ја креира е полоша од она што тој навистина е . Новак е добра личност, со одредени грешки како и секој од нас. Тој всушност е многу подобар од она што луѓето го гледаат на неговите мечеви на ТВ“ – вели Надал.

„Го крши рекетот во миг на фрустрација, но веќе следниот поен го игра на 100%. Фрустрациите кај него траат само неколку секунди. Затоа е човекот кој постигна најмногу во историјата на целиот наш спорт“.

На поставено директно прашање дали Новак е најдобар во историјата, Надал одговара: „Бројките така велат, секако дека е . За мене е најдобар по сето тоа што сум го видел“.

„Никогаш не сум имал его да зборувам работи кои не ги чувствувам. Да, можеме да кажеме дека јас бил повреден и сум пропуштил толку и толку Слемови, а тој не пропуштил. Но тој има подобро тело од моето, а и тоа исто така се смета“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ