„Најголемата штета во ноември вредна 900.000 евра е исплатена за осигуран имот. Дури 54отсто од бројот на исплатени штети се за надомест на медицински трошоци покриени со приватно здравствено осигурување. Во ноември компаниите за неживотни осигурувања исплатиле 2,8 милиони евра повеќе за штети покриени со осигурување во споредба со вредноста на исплатите во октомври годинава“, велат од АСО.
Од сите доброволни осигурувања најголемо учество во исплатите за ноември имаат штети на осигурен имот. Осигурителните компании исплатиле 2,15 милиони евра, а исплатени се вкупно 710 штети. Најголемата меѓу нив е со вредност од 900.000 евра која една осигурителна компанија ја исплатила како обештетување за настанат пожар во објект на компанија.