четврток, 24 октомври 2024

Над половина милион луѓе на работ на глад во Појасот Газа

Најмалку 576.000 луѓе во Појасот Газа, четвртина од населението, се на работ на гладување, изјави висок функционер на Советот за безбедност на Обединетите нации, предупредувајќи дека без акција, масовниот глад би можел да биде „речиси неизбежен“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Едно од шест деца на возраст под две години во северниот дел на Газа страда од акутна неухранетост и исцрпеност, а практично сите 2,3 милиони луѓе во палестинската енклава зависат од „ужасно неадекватна“ помош во храна за да преживеат, рече Рамеш Раџасингам, директор на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања, пренесува Ројтерс.

Светската програма за храна (ВФП) е спремна „брзо да се прошири и да ги зголеми операциите доколку има договор за прекин на огнот“, им рече заменик-извршниот директор на ВФП, Карл Скау, на членовите на Советот за безбедност на ОН.

„Но, во меѓувреме, ризикот од глад е поттикнат од неможноста да се внесат клучните резерви на храна во Газа во доволни количества и речиси невозможните работни услови со кои се соочува нашиот персонал на теренот“, предупреди Скау.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ