Според Стојанов донацијата од 2.600 вакви тетратки е симболична, но мошне важна донација.
„Овие тетратки се исклучително важни бидејќи ќе предизвикаат интерес кај децата во Северна Македонија за нашата заедничка историја. Тоа е бугарска историја, но за нив тоа е вообичаено. Фондацијата Македонија утврдила дека децата кои живеат во Западен Балкан и се Бугари по потекло немаат можност организирано и систематски да ја изчуваат бугарската историја дури и ако имаат сличен интерес. Ова се случува затоа што во образовните системи на Србија, Албанија, Северна Македонија, Косово не е планирано и не се планира да се изучува бугарската историја“, изјави Стојанов.
Ова не е прва ваква провокација на фондацијата Македонија на чие чело е Стојанов. Во јануари годинава тој испрати таблети и тетратки исто така наменети за македонски ученици.
Лани во октомври на Виктор Стојанов му беше продолжена 15 месечената забрана за влез во Македонија на неодредено време.