„Вонвременските хитови на легендарните Битлси, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар,нашите џезери ветуваат оригинална интерпретација и незаборавна вечер со композиции на ливерпулската четворка која ја смени рокенрол музичката историја“, велат од оркестарот.
Како солисти на концертот ќе настапат музичарите Кирил Кузманов, Славко Георгиев, Трајче Велков, Виктор Филиповски,, Сашко Николовски и Гордан Спасовски под диригенство на маестро Џијан Емин.
Доколку временските услови не се пријатни за концерт на отворено, утрешниот настап на Националниот џез оркестар, може да се одржи на затворена сцена во МНТ.
Една недела подоцна, на 8 октомври, Националниот џез оркестар најавува и специјален концерт, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје., кој ќе ги спои искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.
„Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој“, велат од Националниот џез оркестар.