вторник, 15 октомври 2024

Гризман се повлече од репрезентацијата на Франција

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман објави крај на репрезентативната кариера.

Објавено на

часот

Сподели

Гризман кој има 33 години реши дека е време да заврши со играње за националниот тим. Одлука која беше прифатена како изненадување од јавноста.

„Благодарен сум за сите спомени во ова неверојатно поглавје од мојот живот, а сега е време за збогум“, кратко напиша Гризман со видео од најдобрите моменти во националниот дрес.

Играјќи за Франција Гризман го освои трофејот на Светското првенство во 2018 година, а се радуваше и во Лигата на нациите. Вкупно одигра 137 меча во дресот на „триколорите“, даде 44 гола и 38 асистенции.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ