вторник, 22 октомври 2024

Началникот на јапонската полиција му се поклони на човекот кој невин помина 58 години во затвор (ВИДЕО)

Началникот на јапонската полиција лично му се извини на човекот кој помина 58 години во затвор за кривично дело што не го сторил. 88-годишниот Ивао Хакамада чекаше погубување повеќе од 50 години пред да биде ослободен на повторното судење минатиот месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Окружниот суд Шизуока утврди дека полицијата и обвинителството работеле заедно за да измислат и подметнат докази против поранешниот боксер и употребиле насилство за да го принудат на признаение. Такајоши Цуда, началникот на префектурата на Шизуока, го посети Хакамада во неговиот дом за лично да му се извини.

Стоејќи пред Хакамада, Цуда длабоко се поклони и рече: „Жал ни е што ви предизвикавме неискажлива болка и товар цели 58 години. Ужасно ни е жал“.

Хакамада, кој е во лоша здравствена состојба, одговори: „Што значи да се има авторитет… Кога имате моќ, не треба да мрморите“.

Хидеко Хакамада, 91-годишната сестра која во текот на судскиот процес беше покрај својот брат и сега живее со него, му се заблагодари на началникот на полицијата што ги посетил. Таа им рече на новинарите дека нема смисла да му се жали по сите овие години, бидејќи Цуда „не бил вклучен во случајот и ги посетил поради својата должност“.

Хакамада беше осуден на смрт во 1968 година. Тој беше прогласен за виновен за убиството на сопругата и нивните две деца и својот поранешен шеф. Тој избегна егзекуција поради долгиот процес на жалба. Тој помина 27 години во затвор кога неговата прва жалба беше одбиена.

Втората жалба, поднесена во 2008 година од неговата сестра, беше усвоена во 2014 година и беше наредено повторно судење. Хакамада стана светски рекордер затоа што никој не чекал толку долго на извршување на смртна казна како тој.

За време на новото судење, се појавија прашања за облеката извалкана со крв за која иследниците рекоа дека му припаѓала нему, а била пронајдена повеќе од една година по неговото апсење. Анализата утврдила дека примероците од крвта не му припаѓаат на Хакамада, а панталоните кои обвинителите ги прикажале како доказ му биле премали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ