петок, 18 октомври 2024

На Водно три девојки имале средба со диви свињи

Синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани три девојки кои на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот на Центарот за управување со кризи 112 пријавиле дека крдо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу уплашени.

Објавено на

часот

Сподели

Девојките побарале да се крене рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило. Во 23.42 часот полициско комбе дошло на лице место, по што девојките биле безбедно евакуирани.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ