„Прелиминарните резултати од истрагата укажуваат на можни барутни полнења со низок квалитет или прекршување на условите за складирање муниција, што довело до оштетување на минофрлачки гранати“, соопшти Министерството, одговарајќи на серијата критики во украинските медиуми и јавноста.
Минофрлачките гранати од 120 мм треба да го запрат напредувањето на руската пешадија.
Сепак, една од 10 гранати од 120 милиметри произведени во Украина од последната серија експлодирале пред да бидат испукани на фронтот, објавија украинските новинари претходно овој месец, наведувајќи многубројни поплаки од војниците.
Министерството за одбрана тврдеше дека тајно истражувало што ги предизвикало масовните дефекти и ја суспендирало употребата на минофрлачки гранати од украинско производство од споменатата серија. „Наместо тоа ќе бидат доставени увезени гранати“, соопшти Министерството.
Државното биро за истраги покрена кривична постапка поради неисправност на минофрлачките гранати. Министерството вети и санкции за одговорните службеници врз основа на резултатите од истрагата. Во исто време, беше ветено подобрување на мерките за контрола на квалитетот и зајакнување на следењето на условите за складирање.