МКД.мк дознава дека активисти на СДСМ и на ДУИ веќе прават скенирање на гласачите во руралните средини, оние кои се останати во Македонија, за нивното расположение, политичка ориентација, потреби и ветување дека нивниот глас може да биде вреднуван и со пари ако се даде за вистинската партија. За МКД.мк ова го потврдуваат сведоци од општините Маврово Ростуше и Македонска Каменица.
Ваквиот начин на водење на валкана политичка кампања не е ништо ново во Македонија. Има веќе традиција. Се делеа вреќи брашно, зејтин, компири… за гласачите, се даваа пари за ветување за глас, за гласови на цело семејство, пријатели, соседи, па почнаа да се сликаат гласачките ливчиња за кои се добиваа парички, се разбира со вистинското заокружено бројче за вистинската партија, се вработуваа луѓе врз основа на ветени гласови, се организираа т.н. бугарски возови… И така од избори до избори.
По социјалните мрежи се објавуваа и снимки со подготвените торби пари и товарени комбиња со вреќи брашно. Дел од овие неправилности влегуваа во конечните извештаи за тоа како се спроведоа изборите… и толку.
Ваквото искуство само уште повеќе ги мотивира партискиоте штабови со време да се фатат со работа. Наше е со време да укажеме на тоа што се случува на тој терен.
А.Д.