недела, 24 ноември 2024

На состанокот на НАТО без план за одговор на војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека министрите разговарале за плановите на дводневна средба во Брисел и дека се поблиску до нивното усогласување.

„Иако денеска не се официјално одобрени регионалните планови, очекуваме овие планови да бидат резултат на самитот во Вилнус во јули“, изјави висок американски функционер кој сакаше да остане анонимен, пренесе Би-би-си.

Договор за одбранбениот план не беше постигнат бидејќи Турција ја блокираше одлуката за формулирање на географските локации, од кои некои се поврзани со Кипар, изјави дипломатот на НАТО.

Дипломатот додаде дека сѐ уште постои можност да се најде решение пред самитот на НАТО во средината на јули во Вилнус.

Таканаречените регионални планови вклучуваат илјадници страници тајни воени планови кои детално ќе опишат како алијансата ќе одговори на рускиот напад.

Со децении, НАТО не гледаше потреба од развивање на одбранбени планови од големи размери, бидејќи не ја гледаше Русија како егзистенцијална закана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ