Инаку, коалицијата Вреди преку која Таравари се кандидира за претседател на Македонија, за парламентарните избори планира во изборните листи планира да вклучи и членови на косовското Самоопределување кои се македонски државјани. На една од листите сигурно име е на Беким Ќоку кој е советник на косовскиот премиер Аљбин Курти.
Коалицијата Вреди, која е составена од партиите Беса, Алтернатива и Демократско движење, учеството на Самоопределување го имаше најавено како свој „четврти столб“.
Од ДУИ реагираа дека тоа претставува мешање однадвор во македонските избори, што од Курти беше демантирано со зборовите дека Самоопределување не е регистрирана во Македонија.
Инаку, Самоопределување учествуваше и на локалните изборите за Тирана, каде не оствари добар резултат, но оттогаш односите меѓу Курти и албанскиот премиер Еди Рама се во надолна линија. И односите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со Курти не се на завидно ниво, но затоа со Рама се пријателски и на високо ниво.
П.Џ.