На 26 јули околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени 4 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра.
Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени.
Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд, соопшти Царинската управа.