Амбасадата на Украина во Подгорица наводно упатила забелешки до раководството на РТЦГ поради новото лого на вториот канал на телевизијата.
Ова било потврдено за подгоричкиот портал Вијести од украинската амбасада, а генералниот директорот на РТЦГ Борис Раониќ не одговарал на прашања околу ситуаицјата.
Амбасадорот на Украина во Подгорица Олег Герасименко за Вијести кажал дека ја контактирале РТЦГ, но не сакал понатаму да коментира.
Вијести го прашале Раониќ дали е точно дека ги контактирала амбасадата на Украина во Подгорица во врска со новото лого на РТЦГ2, со прашање што ќе преземе РТЦГ околу спорното лого, но тој не одговорил.