Будуќност има многу поквалитетен тим од Борац, па МЗТ Скопје се надеваше дека со нивна победа ќе се спасат од испаѓање, но на црногорскиот тим не му требаа бодови, па денеска одигра лабаво против мотивиран противник.
Домаќинот во финишот се обидуваше да дојде до победата, па тешко може да се каже дека намерно го загуби натпреварот, но факт е дека не одигра со полна сила.
МЗТ Скопје и Борац сезоната ја завршија со ист скор, седум победи и 19 порази, но српскиот тим има подобар меѓусебен дуел, ги доби и двата натпревари.
Македонскиот тим вината треба да ја бара во своите редови, во загубените натпревари на свој терен кои требаше да ги добие, особено мечот со директниот ривал за опстанок, Борец.