вторник, 22 октомври 2024

МВР: Заканите кон уставен судија се пратени преку социјални мрежи

Заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот Дарко Костадиновски, биле преку социјална мрежа, а нив ги упатило лицето С.И, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска околу 12 часот претседателот на Уставниот суд во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека МВР веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.

Инаку, денеска Уставниот суд соопшти дека претседателот на судот Дарко Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ