„Веќе се одржаа првите предавања во училиштата во тетовските села Жеровјане и Стенче, во рамките на кои полициските службеници на СВР Тетово поблиску ги запознаа учениците со корпусот нивни права, но и со законските обврски од безбедносна природа и карактер. На учениците посебно им беа објаснети најчестите девијантни појави од областа на јавниот ред и мир, потоа – што значи врсничкото насилство и како се манифестира и санкционира истото, а пред сè личните и заедничките обврски кон семејството, училиштето и општеството во крајна линија“, информира денеска портпаролот Марјан Јосифоски.
Проектот се планира целосно да се реализира до крајот на овој месец.
„Се очекува проектот значително и практично да придонесе за подигнување на свеста на осмоодделенците за неопходноста тие секогаш и секаде да ги ползуваат правата, меѓутоа и да ги почитуваат законските обврски предвидени за возраста на која и припаѓаат, а и подоцна“, оценува Јосифоски.
Носител на проектот е отсекот за превенција при СВР Тетово.