МВР информира дека од нивните надлежни служби во тек се проверки за случајот.
„Известуваме дека од страна на надлежните служби во МВР се вршат соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба, по што соодветно ќе ја известиме јавноста“, наведоа од МВР.
За случајот видео снимка од колона свадбени возила објави медиумот Индекс на која се гледа службеното возило на Гаши и беше поставено прашањето дали тој има право да оди „како сват по невеста“ со возило на државата и со службено обезбедување.
ЛДП во својата партиска реакција го постави истото прашање посочувајќи дека се злоупотребува службената положба и се трошат државни пари и средства за приватни цели.
Претседателот на Собранието Гаши попладнево преку соопштение посочи дека патувал во Косово со семејството нагласувајќи дека според законските одредби тој е обезбедуван 24/7.