Полицајци од Охрид и од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ од езерото го извадиле С.М.А. (45) од Англија. Лекар од Итната медицинска помош, кај него констатирал телесни повреди, по што, бил транспортиран до езерската полиција, а потоа со медицинско возило и до болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти МВР.