„Дури и појавувањето на македонски ИП адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонија. Според досегашното искуство може да информираме дека постои голема веројатност истите да користат ВПН (виртуални приватни мрежи) или пак да се дел од поголема BotNet мрежа, односно да потекнуваат од таканаречени инфицирани зомби компјутери, кои се компромитирани од страна на хакери преку компјутерски вируси или малициозен софтвер и истите можат да извршат зададени задачи далечински управувани од поединци или група на потенцијални хакери.
Најчесто жртви на ваквите зомби компјутери се лица кои не знаат дека нивните компјутерски системи се инфицирани со малициозен софтвер и без нивно знаење и согласност се вршат Ddos напади кои претставуваат злонамерен обид да се наруши нормалниот интернет сообраќај на зададениот сервер, сервис или мрежа за пристап до одредена цел во еден ист момент со цел блокирање, преоптоварување на истата“, соопшти МВР.
МВР: Немаме никакво барање од Венецуела за наводните хакерски напади од Македoнија
До сега не се пристигнати никакви барања во врска со информациите на властите во Венецуела за понатамошни проверки од наша страна, се вели во соопштението на МВРво врска со објавите за наводни хакерски напади од македонски ИП адреси за време на претседателските избори во оваа држава на 28 јули.
Објавено на
часот