понеделник, 28 октомври 2024

МВР ќе го надградува системот „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека ќе се надградува системот „Безбеден град“, а тоа ќе ги вклучи автопатиштата низ државата и други поголеми градови покрај, Скопје, Куманово и Тетово каде веќе функционира овој систем за контрола на јавната безбедност.

Објавено на

часот

Сподели

Спасовски ова го изјави во одговор на новинарско прашање по денешната посета на СВР Штип, при што најави дека и овој град е еден од тие во кој може да се прошири системот „Безбеден град“.

„Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред сѐ, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто  имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност“, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ