понеделник, 28 октомври 2024

МВР извести дека беа приведени двете лица кои извршија криволов во ловиштето Бунарџик

По пријава од чуварската служба во ловиштето Бунарџик во Трубарево, која вчера приведе две лица фатени во криволов, случајот бил пријавен во полиција и тие биле приведени во полициската станица во Гази Баба.

Објавено на

часот

Сподели

Приведени се Б.С.(33) и Ф.Б.(56), двајцата од село Студеничани, а полицијата постапувала по пријава од З.Ц.(55), претседател на ловното друштво.

„Според пријавата, вчера околу 15:00 часот во ловиштето Бунарџик, во атарот на село Трубарево, кое е под концесија на ловното друштво, се вршел лов, иако немале издадено дозвола за лов на наведеното место за тој ден. Според пријавеното, на местото на настанот биле затекнати двете лица со возило марка – џип со скопски регистарски ознаки, со ловни пушки кои ги поседувале со дозвола и улов во возилото“, соопшти МВР. 

д

Оружјето е привремено одземено, а за случајот е запознаен инспектор за шумарство и ловство и против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за ловство.

Како што веќе информира МКД.мк, двете лица биле затекнати во криволов и приведени од чуварската служба на ловиштето чиј концесионер е АДА Петра ДООЕЛ. Во џипот имале две пушки и отстрелани седум фазани.

                                                               Фото: АДА Петра ДООЕЛ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ