понеделник, 28 октомври 2024

МВР: Граѓаните да внимаваат на личните податоци, зачестена е појавата на лажни пораки

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на Министерството за внатрешни работи (МВР) периодов констатираше зачестена појава на таканаречени фишинг напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив.

Објавено на

часот

Сподели

„Фишинг нападот е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска. Тие  имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб – страница или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката кој е заразен со вирус. Овие обиди обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална смс порака или со телефонски повик“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ