четврток, 24 октомври 2024

Муцунски-Силвестри: Членството на нашата земја во ЕУ е од суштинско значење за стабилноста

Членството на нашата земја во Европската унија е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина, со очекување дека земјава ќе продолжи посветено да ги реализира зацртаните реформи во овој контекст. Ова е констатирано на денешната срдба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МНР, на средбата биле поздравени традиционално блиските пријателски и партнерски односи што во изминатите три децении успешно се развиваат, а била искажана и натамошна посветеност за интензивирање на билатералната соработка и меѓусебниот политички дијалог.

„Министерот Муцунски упати голема благодарност за силната поддршка од Италија за што поскоро заокружување на европската интеграција на земјава, како и поддршката за реформските процеси“, соопштуваат од МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ