среда, 23 октомври 2024

Муцунски: Немало никаков интерес во МНР за проблемите со пописот во Албанија

Македонскиот амбасадор во Албанија Данчо Марковски ќе се врати во Тирана. Тој навреме алармирал за сѐ што се случувало со Македонците и бугарското влијание пред и за време на пописот во таа држава, но не добивал никакви инструкции од Скопје, изјави за ТВ Канал 5 Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„По разговорот со Марковски направивме анализа и видовме дека тој навремено го информирал македонското Министерство за надворешни работи за сите проблеми поврзани со пописот. Имало крајна незаинтересоираност не само од МНР, туку и од другите домашни институции кои не работеле совесно. Еден амбасадор за ваков тип на прашања има ограничување во делувањето и затоа треба да добие инструкции од МНР. Марковски ќе биде вратен во Тирана да го заврши мандатот затоа што најголемиот проблем бил во Скопје. Едноставно тука немало интерес да се пристапи кон решавање на очигледен проблем. Објективната вина била тука, во Скопје. Ние сме тие кои ги штитиме интересите на државата и имаме обврска да ги штитиме интересите на Македонците во соседните земји. Во случајов не сме презеле проактивни мерки. Дали тоа било свесно или несвесно, не знам, не сум психотерапевт“, изјави Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ