понеделник, 25 ноември 2024

Муцунски: Ја поддржуваме борбата на Украина и им го продолживме престојот на државјаните

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со украинската амбасадорка, Лариса Дир на која ѝ порачал дека Македонија ја поддржува борбата на Украина и дека е продолжен привремениот претстој за украинските државјани.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката за Украина која ќе продолжи и во иднина, додавајќи дека како земја-членка на НАТО остануваме посветени за натамошна силна политичка и практична помош за Украина додека земјата продолжува да ја брани својата независност, како и територијалниот суверенитет.

Во рамки на средбата тој ја информираше амбасадорката Дир за одлуката на македонската влада, за продолжување на привремената заштита за Украинците кои престојуваат на територијата на нашата држава“, се вели во соопштението и се додава дека било изразено уверување дека добрата соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ