„Не сакам да се внесам во дијалог што точно кажала министерката. Таа кажа дека во моментот едногласноста е правило, коешто јавно кажа – Германија сака да го промени во делот на проширувањето. И Германија има и активна иницијатива да го промени во делот на проширувањето, во што ја поддржуваат и повеќе земји членки. Министерката, исто така, кажа дека во моментот како услов ни е поставен процесот на уставни промени, но истовремено, (барем јас што следев), никаде не отфрли можност за дијалог за иницијативи , бидејќи и духот на еворпските вредности е меѓусебе да комуницираме, да дискутираме и сите да сме сигурни дека стратешки сме усогласени за истиот правец. Јас тоа навистина го ценам што една голема земја членка како Гермнија, прати една силна порака. Во рок од два дена имаше средба помеѓу премиер и канцелар, таму бевме и ние заедно со колегата. Потоа имаше средба министер за надворешни работи со министер за надворешни работи, што значи и на дело ја потврди својата посветеност кон Западен Балкан и кон нас, како земја којашто е кандидат и којашто треба да ги отвори пристапните преговори“, рече Муцунски на новинарско прашање на денешната Платформа: „100% посветени за тебе“, на тема „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигитална трансформација“.
За тоа кога ќе се случат уставни измени и дали ќе се случат, вели, конечен одговор на тоа прашање ќе го дадат две третини од пратениците и оти постојното владејачкото мнозинство има скоро две третини од 120 пратеници.
„Јас тоа во моментов не би можел конкретно да ви го одговорам. Но тоа што можам да ви го кажам е дека прво ние како Влада имаме свест дека уставните измени се услов за отпочнување на преговорите. Да не биде дека министерката во Германија зборува едно, а ние зборуваме друго. Сите сме свесни дека тоа е услов, многу погрешно поставен, но таков е условот во моментот. Е сега, како да сме сигурни дека ова ќе биде последно барање од ваков тип или профил, којшто не е поврзан со европски стандарди, туку е повторно поврзано со билатерално прашање покренато од наш сосед којшто не соодејствува со европски вредности. Бидјеќи утре и да има блокада заради нереализирање на реформска агенда, или заради нереализирање на нешто што е клучно во делот на било кој од кластерите, можеби би биле незадоволни можеби би биле несреќни, но принципот е тој. Треба да се усогласите со највисоките стандарди за да станете земја членка“, вели Муцунски.
Според него, сакаме напред по европскиот пат, но, вели, сакаме и пристап којшто не штити нас, а ја штити и ЕУ.
„Тука е нешто сосема различно и затоа јас сум на ставот дека не треба да се расфрламе со рокови или со време, туку треба да обезбедиме едно решение, коешто ќе ни даде долгорочна сигурност, некој вели гаранција. Еве да користиме поблаг збор, сигурност дека патот напред ќе биде предвидлив и ќе бидеме мерени врз основа на објективни критериуми. Никогаш не сме рекле дека таквото решение ќе биде лесно да се најде, но нашата обврска е да бидеме усогласени за сето она што го зборуваме подолг период, што сме го зборувале пред граѓаните во кампања и што сега го зборуваме. Да, сакаме напред по европскиот пат, но сакаме и пристап којшто не штити нас, а ја штити и ЕУ од примерот што го даде колегата Муртезани. Потенцијално ново вето врз основа на билатерално барање, коешто ќе значи раст на евроскептицизмот не само кај нас, туку би рекол и во целото соседство, каде што има политичари коишто едвај чекаат да покажат со прст и да речат еве видете повторно што прават, видете со какви неправди се служи ЕУ. И затоа велиме ние се штитиме себе, но ја штитиме и политиката на проширување ваква каква што е во овој момент“, нагласува Муцунски.